Македонија 22. март 2020. / 13:29

Заев: Сите функционери, раководители и администрација да земат минимална плата од 14 500 денари

Заев: Сите функционери, раководители и администрација да земат минимална плата од 14 500 денари

Економскиот тим на СДСМ подготви предлози кои ќе ги достави до Владата. 200 милиони евра поддршка за стопанството,  минимална плата за секој работник, за сите приватни фирми. Владата ќе помогне со исплата на една нето минимална плата за април и мај, фирмите сами ќе си ги платат придонесите. За граѓаните кои останале без работа како резултат на последиците од коронавирусот, државата ќе исплаќа 50 % , изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Сите функционери и раководители одат на минимална плата од 14 500 денари  за април и мај и сите вработени во јавен сектор одат на минимална плата за овие месеци. Мерката не се однесува на лекари, полицајци, изјави Заев. 

7000 денари  за лица кои се дел од неформална економија.

Се запира законот за извршување до крајот на јуни.