Македонија 12. ноември 2019. / 13:23

Заев: Шпанија имаше успешни избори, ратификацијата за членство во НАТО треба да заврши до јануари

Заев: Шпанија имаше успешни избори, ратификацијата за членство во НАТО треба да заврши до јануари

Премиерот Зоран Заев очекува ратификацијата на протоколот за членство во НАТО во Парламентот во Шпанија да заврши до крајот на јануари и земјава навремено да стане членка на Алијансата.

Добро е што имаше успешни избори во Шпанија. Победи мојата левица. Конституирањето на Парламент е на 3 декември и до крајот на декември или јануари треба да заврши постапката на ратификација и убеден сум дека Република Северна Македонија навремено ќе биде членка на НАТО – истакна премиерот.