Претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, се сретна со Русос Кундурос, новиот амбасадор на Грција, во земјава.
На состанокот е пренесена порака од Атина за продолжување на пријателството помеѓу двете држави, преку унапредувањето на соработката во областите важни за граѓаните на двете држави, што се оценува дека е веќе во фаза на реализација.
Изразена е поддршка од Грција на нашата држава за прогрес и во евроинтеграциите, по постигнатото членство во НАТО, како и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи.
На средбата посебно е разговарано за интензивирање на економската соработка, каде, како и во енергетиката, се бележат видливи резултати.
-Низ економијата, граѓаните на двете држави почнуваат да чувствуваат директни бенефити од Преспанскиот договор, како историски чекор и значајна определба на двете држави за градење добрососедски односи, инклузивна и конструктивна соработка, рече премиерот Заев.
На средбата е посочена и важноста на соработката во областа на здравството, земјоделството, образованието, културата, социјалната заштита.
Премиерот Заев, упати покана преку амбасадорот Кундурос, до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, за посета на Република Македонија.