Македонија 28. август 2019. / 17:58

Заев се сретна со кралот на марихуаната: Македонија ќе биде прва канабис суперсила во Европа

Заев се сретна со кралот на марихуаната: Македонија ќе биде прва канабис суперсила во Европа
Eден од најголемите производители на канабис во светот, Биг Мајк, беше официјален гостин на премиерот Заев во Владата

Кралот на марихуаната и еден од најголемите производители на канабис во светот, Биг Мајк, беше официјален гостин на премиерот Зоран Заев во Владата на Македонија. За разлика од речиси сите средби со странски делегации, за оваа Заев не се пофали на социјалните мрежи, но се пофали Биг Мајк, кој на Инстаграм напиша дека Македонија ќе се претвори во една од најголемите канабис суперсили во светот, пренесува Алфа.

 Само што остварив средба со премиерот на Македонија, Зоран Заев, разговаравме многу за канабисот. Да ви кажам, оваа земја има огромен потенција и јас сум возбуден да бидам дел од претворањето на Македонија во една од првите канабис суперсили во Европа, напиша Биг Мајк на Инстаграм.

Вистинското име на Биг Мајк е Мајкл Страумитис, роден во 1960 година во Портланд и од млади години започнал да се занимава со канабисот. Тој преку својата компанија за легално производство на марихуана, „Advanced Nutrients“ досега направи милиони долари. На својот Инстаграм профил кој го следат 2.8 следбеници, ја промовира марихуаната и нејзините придобивки, користејќи различни маркетиншки трикови, како славни лица и убави девојки за таа цел.

Биг Мајк чија сопруга е Бугарката Цеци Красимирова, како што може да се зебележи својот бизнис сака да го прошири и на меѓународно ниво, а една од дестинациите очигледно му е токму Македонија, каде најголем дел од компаниите кои произведуваат масло од канабис се во семејна или пријателска релација со Зоран Заев, пишува Алфа.

Владата засега не информираше за средбата помеѓу Заев и Биг Мајк.