Премиерот Зоран Заев сепак се премисли и иако во Собранието најави дека се повлекува, одлучи да ја обавува функцијата Министер за финансии.
Во предлозите за разрешување, тој предложи и мнозинството гласаше Драган Тевдовски да биде разрешен од функцијата, а како што најави премиерот, тој ќе бил министер за финансии во идниот период, додека не се најде друго дете.
Премиерот не дефинираше кога завршува тој период, но, станува јасно дека тој го изигрува собранието со тоа што нема да назначи нов министер и без да биде избран ќе ја обавува функцијата.
Се чини Заев направи маневар, кој е и против одлуката на анти-корупциската комисија која одлучи дека тој не смее да објавува две функции, односно да биде премиер и министер.
Да биде апсурдот уште поголем претходно Зоран Заев на денешната собраниска седница за реконструкција на владата на СДСМ посочи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ била во право кога укажувала дека тој како претседател на Владата на Република Македонија не може да биде носител и на друга функција односно министер за финансии, бидејќи според законот за корпуција и судир на интереси овие две функции се неспоиливи.
Дефинитивно тоа што го истакна опозицијата и тоа што го истакнува антикорупциска комисијата и еден дискурс и дебата ни дава за право да му соопштам на Собранието дека дадов налог на кабинетот да пушти предлог за повлекување на кандидатурата моја, односно Зоран Заев за кандидат за министер за финансии, вели Заев.