Македонија 15. декември 2020. / 17:43

Заев се премисли: Нема да свика лидерска средба

Заев се премисли: Нема да свика лидерска средба

Премиерот Зоран Заев не гледа причина да свика лидерска средба по денешната објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Тој на Фејсбук напиша дека претседателот, Стево Пендаровски го загубил кредибилитетот за организирање на лидерски средби и дека на средбата бара да се разговара за техничка влада, лошата состојба со корона кризата, лошата економска ситуација.

Стево Пендаровски го загуби кредибилитетот за организирање на лидерски средби, по низа скандали во неговото работење,…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, December 15, 2020

Заев вели дека имал намера да свика лидерска средба на која би информирал за ситуацијата со Бугарија, но по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека на средбата ќе се разговара за техничка влада, за неспособноста на здравствениот систем и за неуспехот со Бугарија, не гледа причина за свикување на ваква средба.

За што да свикам лидерска средба? Јас не се согласувам воопшто со ова затоа што Владата покажа пример на пријателство и продолжува да гради пријателство. Покажа дека ги има своите црвени линии и никогаш не помислува да погази било какви интереси. За жал не ја добивме првата меѓувладина конференција, која верувам дека ќе ја добиеме час поскоро затоа што целосно ја заслужуваме. 26 земји членки се комплетно позади нашите позиции. Успешно се справувавме и со здравствената криза, еднакво и многу подобро од многу други земји, рече Заев, додавајќи дека ќе бара други алатки за информирање.

Коментирајќи го ставот на опозицијата дека нема да присуствува на лидерска средба свикана од претседателот на државата, Заев со став дека таквиот однос е несоодветен.