Македонија 09. јули 2019. / 12:59

Заев: Прифаќам дека сум жртва, но дел од снимката е лепена, сечена и монтирана

Заев: Прифаќам дека сум жртва, но дел од снимката е лепена, сечена и монтирана

Добро организирани структури работат против земји што се дел од Евро-атланските структури и земји што имаат аспирации кон ЕУ и НАТО. Јас станав мета на една политичка дескредитација, но не сум единствен, измамени биле и претседателот Макрон и Борис Џонсон, изјави премиерот Заев.

Заев потврди дека такви разговори се воделе со руските комичари. Заев ги кажа и другите жртви на пранкерите, кои меѓу нив се Ердоган, Столтенберг, Ник Хејли, додавајќи дека се наоѓа во добро друштво. Премиерот Заев истакна дека во дел од разговорите во кој што се зборува за автокефалноста на МПЦ е манипулиран. Јас сум жртва на мојата отвореност, за мене секогаш врвен приоритет се интересите на граѓаните и државата, изјави Заев. Премиерот најави брз план против ширењето на лажните вести.

Во делот во снимката каде што нуди 100 000 евра мито за признавањето на афтокефалноста на МПЦ, Заев тврди дека е лепен, сечен и монтиран.

Ова е нов аларм за нас и сиот демократски свет кој бара отворена борба против лажните вести, рече тој.

Прифаќам дека сум жртва на мојата отвореност и целосна транспарентност. Ова кај мене сега предизвикува горки чувства, рече премиерот.

Мора да се преиспитаат сите протоколи за безбедна комуникација, особено што земји како нашата се постојано цел на некои странски служби чии земји се противат на нашето зачленување во НАТО.Заев рече дека нема намера да поднесе оставка, но дека сериозно ќе се проверат безбедносните протоколи при комуникациите со странство.