Македонија 21. октомври 2019. / 21:07

Заев: Понудивме брзи избори, ама ВМРО почна да цепидлачи…и почна мрчењето

Заев: Понудивме брзи избори, ама ВМРО почна да цепидлачи…и почна мрчењето

Премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата 360 степени на Алсат посочи дека ВМРО – ДПМНЕ бега од брзи избори. Два датуми понудени во декември, опозицијата ги одбила.

-Де факто ВМРО-ДПМНЕ не треба да цепидлачи владата да биде 100 дена. Тие дефинитивно бегаат од избори. Бараа избори, понудивме демократска зрелост и сега почнува мрчењето. Дали ќе бидат во декември или се на 12 април, ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее уште еден пораз. Затоа што ништо не е променето таму – вели Заев.