Премиерот Зоран Заев, по пропаѓањето на референдумот, ги најави следните чекори кои ќе ги преземе власта.
Како што кажа тој во своето обраќање на прес-конференцијата, иако излезноста, според последните податоци на ДИК, на референдумот беше само 34,76%, битката продолжува во Собранието.
Тој очекува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Договорот од Преспа, а доколку не го направат тоа, Заев најави предвремени парламентарни избори.
-Референдумот е највисока демократска алатка на која одлучуваат тие кои излегуваат да гласаат, рече Заев, занемарувајќи околу 65% од гласачите во државата кој одлучија да не излезат на референдум.