Македонија

Заев побара од Борисов заеднички амбасади со Бугарија, на Фб се шегуваат: „един народ и посолство, две држави“

Заев побара од Борисов заеднички амбасади со Бугарија, на Фб се шегуваат: „един народ и посолство, две држави“

Откако се согласија дека заеднички ќе слават историјата, Заев и Борисов сега договараат и заедничко претставување во странство.

Посетата на Софија Заев ја искористил и да побара Македонија да ги користи дипломатските претставништва на Бугарија таму каде немаме свои. Заевата молба, но и дека ваквата опција не е исклучена потврдува и бугарската министерка за надворешни Захариева која вели дека можно е Бугарија да и дозволи на Македонија вакво заедничко претставување.

– Можно е Бугарија да и дозволи на Република Македонија да ги користи бугарските дипломатски претставништва во странство, каде што нашиот сосед нема свој. Ова вчера неформално го разгледаа Бојко Борисов и Зоран Заев. Ова ќе биде уште еден знак за зближување, изјави за БНТ министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

<Веста која утрово стигна од Софија не ја остави експертската јавност рамнодушна. Поранешниот дипломат Никовски изненаден од новата отстапка на премиерот, вели дека попустливоста на македонската влада во однос на сите прашања поврзани со Бугарија ја носи Македонија во директна капитулација на државата и бугаризација на Македонците.

Никовски е категоричен – молчаливоста на македонската страна по сите антимакедонски изјави на официјални лица од Софија покажува дека нашата страна е подготвена да ја свитка кичмата онака како што диригираат соседите.

Во духот на добрососедските односи Заев и Борисов, вчера заеднички се поклонија на гробот на свети Кирил во Базиликата Свети Климент во Рим.

Инаку до крајот на следниот месец треба да започне и ревизијата на македонската историја од страна на мешовитата комисија, во време кога токму предводникот на бугарската комисија Ангел Димитров, поранешен амбасадор во Македонија,  јасно порачува  дека не постои македонска историја, јазик и народ.