Македонија 09. јули 2019. / 13:17

Заев: Не поднесувам оставка, и не мислам дека некој треба да се поднесе одговорност

Заев: Не поднесувам оставка, и не мислам дека некој треба да се поднесе одговорност

Според премиерот Зоран Заев, аудиоснимките со неговите разговори со „Јенс Столтенберг“ и „Петро Порошенко“, не се причина за тој да поднесе оставка. Ова премиерот го одговори на новинарското прашање дали тој или протоколкот или некој вмешан во сето ова ќе сноси одговорност пред меѓународната јавност, дали „метлата“ ќе проработи или ќе останеме на извинување. Според Заев, тој е само жртва и разбира колку горко се чувствува јавноста.

Зошто мислите дека е направена таква штета за да има потреба некој да поднесе одговорност? Штетата е во чувството дека е снимен премиерот на Република Северна Македонија, а јас во снимките ги повторувам официјалните ставови. Јас лично сум верувал дека постои тој состанок и зборувам официјално како премиер. Ако некој сум повредил со тие ставови, јас знам да се извинам во тој дел и апсолутно не мислам дека треба да се поднесе одговорност. Јас сум човек подготвен секогаш да поднесе одговорност, но ова се случува и во многу поорганизирани држави од нашата. Верувам дека ова прашање не е прашање поради кое премиерот да поднесе оставка, од ова треба извлечеме поука и да бидеме уште поподготвени да не се случи ова понатака, рече Заев.