Премиерот Зоран Заев, денеска, изрази надеж дека македонската опозиција и власта заедно ќе настапат по прашањето за името.
„Јас сакам македонската опозиција и власта заедно да настапат по ова чувствително прашање. Верувам дека сите очекуваме да им гарантираме на граѓаните на РМ добра иднина, и во тоа име ќе смогнеме сили да изнајдеме мудро решение зад кое би застанале буквално сите лидери во државата“, рече Заев, за време на посетата на Охрид.
Заев изјави дека е добро што се направиле исчекори во спорот за името, кои се огромни. Тој изрази надеж дека за она што е останато за крај, а е многу сериозно и важно, ќе се изнајде решение кое ќе го почитува достоинството на двете земји и идентитетот на граѓаните. Премиерот порача дека Владата останува максимално посветена на процесот, но очекува поддршка и од опозицијата.