Македонија 04. април 2018. / 11:42

Заев: Очекувам Кина и Русија да не поддржат во Советот за безбедност

Заев: Очекувам Кина и Русија да не поддржат во Советот за безбедност

Заев очекува поддршка од Русија и Кина во Советот за безбедност Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се очекува да ја посетат Македонија на 18 април, ден по објавувањето на извештајот за напредокот на земјите од страна на Европската комисија.

На вчерашната пресконференцијата на Заев со Церар стана збор и за односите со Русија.

Прашан дали очекува вето од постојаните членки на Советот за безбедност Русија и Кина по последното протерување на руски дипломат од страна на Скопје, Заев изјави дека не очекува вето од страна на Москва и Пекинг доколку се постигне договор со Грција за името и ќе биде упатен пред Советот за безбедност на светската организација.

Словенечкиот премиер изрази уверување дека сега е вистинско време да се реши спорот со името.