-Сите ние имаме своја национална посебност, свои национални корени, сите ние имаме чест и достоинство, никаде во светот не се преговара за идентитет и јазик и ние не преговаравме. Суштината на проблемот беше во историјата затоа велиме често ниту на маса било идентитет и јазик а впрочем и тие кажуваат реалноста ја прифаќаме вие сте македонски јазик и македонски народ, ама корените?, рече Заев во интервјуто.
-ЕУ која што не не признава како Македонци со македонски јазик не ни треба, јас тоа го кажувам бидејќи нашата желба не е да бидеме членка на ЕУ, туку да бидеме членка заради европските вредности. Ние овде ги штитиме сите европски идентитети, Европа е должна да го заштити и афирмира нашиот идентитет, Европа тоа и го прават сите 26 земји членки. Јас се обратив на својот мајчин македонски јазик во Европскиот Парламент каде што сите пратеници и дел од бугарските пратеници станаа и ракоплескаа, и тоа е признание на мојот македонски јазик и од страна на бугарските пратеници, тоа е исправно затоа што никако поинаку не би било својствено, ЕУ за македонскиот јазик пишува низ годините внатре, и денес таа пишува, проблемот е што Бугарија сака да пишува македонски јазик согласно Уставот, зошто? Бидејќи досега ни е таква билатералната спогодба бугарски јазик согласно Уставот на Република Бугарија, македонски јазик согласно Уставот на Република Северна Македонија, што е само по себе една неразбирлива творевина која што е срам, уште го немаат тоа потврдено и затоа барам од Бугарија чисто признавање на македонскиот народ и македонски јазик, тоа го имаме, ама не, чекај да видиме корењата, историјата, историјата ја оставаме на историчарите, рече Заев на телевизија Канал 5, зборувајќи за односите со Бугарија.
-Поважно е тоа за кое што дискутиравме што правиме со таа историја што денеска ја пишуваме. Дали после 20 години овие деца денеска родени коишто ќе станат возрасни луѓе после 20 години ќе им оставиме траг дека Борисов и Заев не успеале да го решат, дека ги разделиле народите коишто треба да бидат заедно во ЕУ, да бидат големи пријатели, да соработуваат повеќе, да отвораат економски перспективи, да спортуваат заедно, да има спортски натпревари, културни манифестации и се што друго што постои. Тоа е нели нашата аспирација да бидеме дел од ЕУ на отворени граници каде што дополнително ќе го јакнеме економскиот стандард на целиот наш народ, рече Заев.
Додаде дека е уверен оти главна причина за таквиот настап на Бугарија се изборите.
-Пред изборите ние политичарите, не кажувам само за Бугарија, и за Македонија сме нерационални и навистина некојпат не знаеме и какви одлуки носиме. Јас многу често кажував не можам во суштина да сфатам што е проблемот. Значи, јас не гледам проблем овде. Проблемот, сите знаат, тоа транспарентно се водеше, почна од долгото и краткото име, дали Република Северна Македонија е исто со Северна Македонија оти Северна Македонија постоела како можност да има територијални аспирации према Бугарија. Секако дека нема територијални аспирации кон Бугарија. Ние сме пријателски народ и ние градиме пријателство насекаде и тоа ни е докажано. И тоа го решивме. Во НАТО како го решивме? Со нота го решивме дека Северна Македонија е исто што е Република Северна Македонија и таа нема никакви територијални претенции према Бугарија, ниту кон која било од соседните земји и секако на тој начин потврдивме дека и Северна Македонија се однесува на политичкиот субјект, на државата Република С. Македонија, истакна Заев.
Заедничка историја, додаде, не само Република Северна Македонија со Република Бугарија. Заедничка историја има целиот Балкан, заедничка историја има цела Европа.
– Не е заедничка ако е бугарска, не е заедничка ако е македонска. Заедничка е кога истовремено е и македонска и бугарска, истакна премиерот Заев.