Поранешниот премиер Зоран Заев, на неколку дена пред заминување од функцијата, на незаконит начин го поставил советникот во Советот на општина Охрид, Нефи Усеини, за член на надзорен одбор во Центарот за социјална работа во Охрид, објави Охрид 24.
Одлуката на Заев е во спротивност со членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, кој предвидува:
– Избрано или именувано лице не може истовремено да врши функција на одговорно лице или член на орган на управување или надзорен орган во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал.
Со ова се создава состојба на кумулација, бидејќи во исто време лицето Нефи Усеини извршува избрана и именувана функција, член на Советот на општина Охрид, и член на орган за надзор во Центарот за социјална работа во Охрид, што е во спротивност со наведениот член од Законот за спречување корупција и судир на интереси.
Антикорупциската комисија треба да постапи по допрен глас и да отвори предмет за случајот.