Иако со огромен напор и пазарења за гласови, Стево Пендаровски успеа да обезбеди мнозинство во вториот круг и да стане претседател на државата, сепак премиерот Зоран Заев нема да присуствува на неговата инаугурација.
Пендаровски утре напладне, свечено во Собранието ќе положи заклетва пред пратениците, но и пред членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство. Сепак на оваа свеченост најверојатно премиерот нема да присуствува.
Како што соопшти владината служба Заев користи неколку денови од одморот поради приватни причини.
Досега, потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи.
Инаку како што веќе е најавено, првата посета како претседател на Пендаровски ќе биде на Косово.