Македонија 01. октомври 2018. / 09:23

Заев не успеа да достигне цензус ниту во своето маало

Заев не успеа да достигне цензус ниту во своето маало

На вчерашниот референдум за промена на уставното име на Република Македонија, не се постигна потребниот цензус, што значи дека референдумот беше неуспешен.

Цензус не се постигна ниту во избирачкото место каде што гласа премиерот Зоран Заев.

Во неговото избирачко место гласале само 42,02% од гласачите.

Инаку премиерот вчера го прогласи референдумот за успешен иако од вкупно 1.806.336 избирачи, на гласање излегле само 661.393, или само 36,87%, што значи дека не е постигнат потребниот цензус. Според член 73 од Уставот одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи.