Македонија 01. октомври 2018. / 11:28

Заев не само што не го почитува Уставот, туку и не си ги почитува своите ветувања (ВИДЕО)

Заев не само што не го почитува Уставот, туку и не си ги почитува своите ветувања (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев, не само што не ги почитува Уставот на Република Македонија и волјата на граѓаните, тој не ги почитува ниту своите ветувања.

Со оглед на вчерашните резултати, според кои очигледно референдумот не успеа, бидејќи не се постигна основниот услов, а тоа е да гласаат повеќе од половина запишани избирачи, Заев треба да си поднесе оставка.

Тој вчера го прогласи референдумот за успешен иако од вкупно 1.806.336 избирачи, на гласање излегле само 661.393, или само 36,87%, што значи дека не е постигнат потребниот цензус. Според член 73 од Уставот одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи.

 

Тој во претходниот период присуствуваше во неколку телевизиски интервјуа и даваше изјави дека доколку референдумот, без разлика дали е консултативен или обврзувачки, не успее ќе си даде оставка.

Она за што се согласувам со опозицијата е дека референдумот треба да биде задолжителен, а заедно треба да утврдиме дали ќе биде консултативен или обврзувачки од причини што сите овие пораки кои во последно време се испраќаат оставаат впечаток дека некој сака да ја блокира Македонија. Зборувам за задолжителен референдум ако сите 50 отсто плус еден граѓанин излезат и го поддржат референдумот, апсолутна должност на секој граѓанин е да ја испочитува одлуката и буквално да се поклони, освен ако не е негативна. Јас не верувам дека тоа е возможно денес- додаде Заев, одговорајќи на новнарско прашање по означувањето на почетокот на изгардбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, на 22 јуни.

 

Ако не успее референдумот во Македонија, тоа значи дека едно од најсериозните гаранции за иднината на мојата земја, јас не сум успеал да ги постигнам убедувајќи го мнозинството од овој народ- изјави Заев во гостување во емисија на 25 јули оваа година.

 

Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме со политиките ние овде- кажа Заев на крајот од месец август.

По објавувањето на резултатите, премиерот, најави дека битката продолжува во Собранието, а доколку уставните измени со цел промена на уставното име, не се прифатат од страна на пратениците, тој најави предвремени парламентарни избори, како последна можна демократска опција.