Македонија 27. мај 2019. / 09:24

Заев: Не ми паѓа на памет да си поднесам оставка

Заев: Не ми паѓа на памет да си поднесам оставка

Не ми паѓа на памет да си дадам оставка, јас сум доблесен! Ако држевме лекција на успешност оваа влада и овој премиер, тоа го направија. Не гледам никаква причина Зоран Заев да понуди оставка. Го сплотивме општеството, чекориме кон пристапувањето и кон Европската унија, ги решивме проблемите со Бугарија и Грција, а новите економски параметри кршат рекорди, одговори синоќа Зоран Заев, а во врска со тоа дали ќе понуди оставка во партијата, по разрешувањата во сите органи на СДСМ.

Тој истакна:

Секаде каде се покажала ароганција, ќе се случат промени, затоа што само така е во ред. Имаме слабости и кај градоначалници, и кај директори, оти ветивме живот за сите, тоа мора да го исполниме нагласи Заев.

Извор: plusinfo.mk