Македонија 16. септември 2020. / 13:38

Заев: Нашите производи од Северна Македонија, од Грција од регионот Македонија мора да создадат позитивни емоции

Заев: Нашите производи од Северна Македонија, од Грција од регионот Македонија мора да создадат позитивни емоции

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, даде ексклузивно интервју за грчка „МЕГА“ во кое се осврна на прашањата што се очекуваат од Договорот од Преспа, важноста за поблиско економско и општо приближување меѓу двете земји и прашањето за учебниците.

За нерешените прашања од Договорот од Преспа, како што е името на производите произведени во соседната земја, премиерот на С.Македонија вели: Тоа е важно прашање. Навистина, граѓаните од обете страни чекаат натамошни решенија. Постигнавме многу. Во нашата земја се сменивме целосно. Северна Македонија е напишана насекаде. Северна Македонија се споменува во институциите, во документите. Имињата на нашите институции вклучуваат „Северна Македонија“. Патишта, знаци. Ова е наша обврска според договорот. Двата комитети ја започнаа својата работа. Едниот комитет се занимава со книги и историја, додека другиот комитет со трговски марки. Ова е направено преку коморите, ние мора да продолжиме да работиме затоа што има рок од 3 години за брендовите, а веќе помина една година. Веќе помина една година од одобрувањето на договорот од нашите парламенти, вели Заев.

По повод конференцијата Економист, премиерот вели дека ги поканил претседателот на Стопанската комора на Атина и претседателот на Солунската комора, како и индустриските комори да го посетат Скопје и да продолжат со разговорите со македонските комори, со цел да се најде решение за брендовите.

Ни преостануваат уште 2 години, зошто да не најдеме решение за 3 или 4 месеци. Дојдов со владиниот авион во кој пишува Република Северна Македонија за прв пат во Атина. И уште еднаш на пример во Солун. Со сето ова се обидуваме да испратиме порака за пријателство. Навистина, постојат приватни тела и организации кои не треба да го менуваат своето име врз основа на договорот од Преспа. Претседателот на Стопанската комора не е должен да го менува името бидејќи не е финансиран од државата, но тој презема чекори и најави дека за кратко време ќе го сменат името на Стопанската комора. Зошто? Затоа што тие сакаат блиски врски за подобро да соработуваат. Многу инвеститори од Грција се заинтересирани да инвестираат во Северна Македонија, истакна Заев.

Посочи дека имплементацијата на договорот ќе биде комплетна и неодамнешната победа на изборите се гаранција за тоа.

Како што знаете јас сум протагонист на договорот од Преспа и победивме на изборите. Македонците, Албанците Албанци, Бошњаците во нашата мултинационална земја гласаа за нас во корист на оваа политика на пријателство и верувам дека ова е најголемата гаранција дека ќе бидеме не само добри пријатели, туку и стратешки партнери, изјави Заев за „МЕГА“.

За фактот дека на меѓународните саеми, нашата земја го потенцира терминот Македонија, тој подвлече: „Нашите производи, од Северна Македонија, од Грција од регионот на Македонија мора да создадат позитивни емоции, а не негативни. Ние го разбираме ова затоа што стопанските комори ќе работат заедно за да најдат решение за тоа што е добро за бизнисот, но исто така мора да ја земат предвид и регионалната димензија. Како што знаете, историска Македонија е над 50% од грчката територија. Дел е во нашата земја, Северна Македонија, дел е во Бугарија и мал дел во Албанија и мислам дека би било паметно да се најде решение што ќе не поврзе или дури и ќе ја подобри нашата заедничка понуда на светските пазари. Бизнисмените се попаметни од политичарите, се надевам дека ќе најдат решение. Тука сме да помогнеме. Секако, имам и идеи, но бизнисмените, кои се прагматичари, мораат да најдат решение што е во согласност со договорот. Тука сме да помогнеме. Секако верувам дека тие брзо ќе најдат решение бидејќи не смееме да создаваме лоши чувства со нашите грчки соседи“.

За Комисијата што ќе ги испита учебниците на двете земји, премиерот на С.Македонија изјави дека Комитетот за историја започнал да функционира, но кога дошла новата влада донела одлука за промена на комитетот.

Пред една недела станаа познати новите членови. Само еден член остана од стариот комитет и нашиот комитет е подготвен да продолжи и без договор за некои детали. Она што тие треба да го најдат на пример во нејзините историски книги и да ги променат. Се разбира, новите комитети во нашата земја се грижат за новите публикации и започнаа да го менуваат името на земјата во Северна Македонија. Бидејќи кај нас државата плаќа за книгите и на секои 5 години има ново издание. Кога ќе се направи нова верзија, таму се применува нашиот нов Устав. Имаме нов устав и тој ја споменува Северна Македонија, затоа не се потребни комитети за да се постигнат договори за некои прашања. Ние ги спроведевме веднаш, но имам позитивни информации од нашиот комитет дека тие ќе најдат решенија, изјави Заев.