Македонија 26. март 2019. / 20:07

Заев: Наша беше опцијата за Северна Македонија

Заев: Наша беше опцијата за Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев, говорејќи за Договорот од Преспа, кажа дека Грција ги прифатила нашиот јазик и идентитет, па затоа тие се одлучиле за „ерга омнес“.

Заев кажа дека е добро што Грција прифатила постоење на Македонци кои говорат македонски јазик и рече дека Договорот од Преспа е добар за нашата иднина.

Во именување на држави постоело „Северна“, како географска одредница, па затоа се одлучиле за Северна Македонија.

– Наша беше опцијата за Северна Македонија. – рече Заев.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицскоски рече дека не го поддржуваат Договорот на СДСМ и Зоран Заев со нашиот јужен сосед.

Со тој капитулантски договор се одрекуваме од себе си, истакна Мицкоски и изрази незадоволство од содржината на договорот.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е за договор со Грција, но не ваков каков што е сегашниот.

– Според овој договор ние сме како во резерват. – потенцира Мицкоски.

– Како е јазикот што го зборуваат луѓето во Воден, а е различен од грчкиот? – праша Мицкоски.