Македонија 08. ноември 2018. / 12:39

Заев најави смена на министри

Заев најави смена на министри

Премиерот Заев рече дека одговорност ќе мораат да понесат сите оние што не ги исполнуваат задачите, но и што не доаѓаат на работните места, а земаат плата.

Реконструкција на владата нема да има, но веројатно ќе има смена на министри, потврди Заев.

Деновиве во јавноста повторно беше актуелизирана проблемот со вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика, кој со месеци не доаѓа на „Илинденска“ поради кавга со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претседателот на владата предпладнево беше во посета на Прифатниот центар за бездомници во Визбегово.