Отворање на нов граничен премин меѓу Грција и Македонија, најави премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
-Потпишавме договор за отворање нов граничен премин меѓу Промахој од грчка страна и Мајден од наша страна кај Кавадарци. Со овој нов граничен премин, заедно со граничниот премин кај Маркова нога и Агиос Германос се создаваат услови за уште поголема соработка и локален економски развој и прекугранична соработка, рече Заев.
Тој кажа дека на Бизнис форумот кој ќе се одржи попладнево ќе учествуваат над 400 стопанственици од двете земји.