Македонија 10. март 2021. / 15:13

Заев најави и можна лидерска средба за одблокирање на Собранието

Заев најави и можна лидерска средба за одблокирање на Собранието

Ниту една партија не попушта, а блокадата во Собранието и натаму трае. Доколку нема дијалог и излез од функционалната криза, премиерот Заев најави дека ако е потребно ќе свика и лидерска средба зошто во спротивно последиците од неусвојувањето на законите ќе ги трпат граѓаните. Кворум и услови за работа нема а пратениците во текот на целиот ден прават влези-излези од собраниските сали.

ВМРО ДПМНЕ нема да обезбедува мнозинство затоа што не се прифаќале нивните предлози а ќе дадат подршка само на оние закони кои се дел од антикризните мерки.

Алијанса на Албанците и Алтернатива не отстапува од блокадата на секој закон па дури и за оние кои се дел од 5 сет антикризни мерки.Нема да попуштат се додека не се даде подршка на нивниот предлог закон за државјанство.

Во моментов владејачкото мнозинство не може да обезбеди 62 пратеника за гласање затоа што има тројца заразени со Ковид.