Премиерот Зоран Заев во прес-конференцијата по објавувањето од страна на ДИК дека референдумот не е успешен, занемари 1,2 милиони граѓни на Македонија, и неколку пати повтори дека подобар договор со Грција не може да се постигне.
Тој против законот изјави дека референдумот е успешен, иако не е исполнет основниот услов, да се постигне цензус.
За наредниот период Заев најави дека ќе ги убедува претениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени за промена на уставното име.
Ако тоа не му успеело, ќе се распишат избори, најверојатно во ноември, со цел да ги стигне роковите од Договорот кој масовно беше одбиен од страна на македонските граѓани.