Македонија и Србија се блиски и пријателски земји со традиционално добри односи, земја со која немаме отворени прашања, оцени по денешната средба премиерот Заев.
Заеднички сме посветени рече, на унапредување на регионалната соработка, збрзување на интеграцијата на целиот регион во ЕУ врз основа на индивидуални заслуги на секоја заемја поединечно.
Се работи, посочи тој, на итензивирање на интеграциите и соработката на земјите на сите нивоа. Во таа насока, според Заев, е и денешното потпишување на три спогодби и заедничкото управување на граничниот премин Табановце – Прешево, со што, како што рече, дваете земји заедно исполниле уште една обврска за интеграција на земјите во ЕУ, на регионално и европско ниво.
За унапредување на односите, рече премиерот Заев, сведочи и подобрувањето на трговската размена меѓу двете земји, унапредувањето на соработката во областа на туризмот, договорите за заеднички настап на трети пазари. Трговската размена била зголемен за 10,7 отсто, а размената на стоки и услуги достигнала вредност од милијарда евра.
–Наша трајна и непоколеблива заложба е да ги решаваме сите отворени прашања во регионот преку инклузивен дијалог во интерес на сите граѓани, со цел задржување на трајниот мир, развој на демократијата, економијата и животниот стандард на граѓаните – истакна на прес-конференцијата премиерот Заев.