Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, попладнево во Берлин имаше работна средба со Михаел Рот, министерот за Европа на Германија, соопшти владината прес-служба.
На средбата премиерот Заев се заблагодари за целокупниот ангажман на СР Германија кон евроинтеграциите на Македонија и Западен Балкан, посебно во рамките на нивното претседателство со ЕУ, но и во рамките на Берлинскиот процес кој резултираше со неколку клучни договори и соработки кои беа потпишани на самитот во Софија на кој ко-домаќини беа премиерите Заев и Борисов.
Премиерот Заев го истакна очекувањето дека првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе се одржи до крајот на оваа година.
Агендата на премиерот Заев продолжува со церемонијата и врачувањето на наградата за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата„Фридрих Еберт“(ФЕС) а ќе има и работна вечера со парламентарците во германскиот Бундестаг.