Македонија 08. март 2020. / 11:08

Заев на средба со криминалци во Опае: Договорил ослободувања од затвор?

Заев на средба со криминалци во Опае: Договорил ослободувања од затвор?

Претседателот на СДСМ Зоран Заев придружуван од техничкиот премиер Оливер Спасовски ги посетија жителите на селата Опае и Лојане во општина Липково. Тие ги повикаа жителите на двете липковски села да се придружат на концептот „Едно општество за сите“, бидејќи како што велат единството ја носи силата.

За посетата на својот фејсбук објава напиша и потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој вели дека со новата изборна програма на СДСМ се предвидуваат мерки со кои економските резултати ќе бидат многу поголеми, а животниот стандард на сите граѓани многу повисок.

Но што ветувал поранешниот премиер Заев на жителите на овие две села?

Информациите на Економски Лидер велат дека во селото Опае во тесен круг Заев и Спасовски ветиле ослободување на Реџаил Ќерими, поранешен припадник на УЧК, осуден на доживотен затвор за учество во убиството на полицаец од единицата Алфи во 2008 година во Скопје.

Семејството Ќерими од кумановско Опае веќе една деценија бара од институциите ослободување од затвор на синот Реџаил Ќерими.

Оливер Спасовски се поздравува со братот на Реџаил Ќерими

Изворот брифира дека ветено е и ослободување на Сала Салахи осуден на условна казна, син на Бајрам Салахи кој е во бегство за убиство во обид.

Заев, Спасовски и Зекири на заедничка фотографија со Сала Салахи

Во прилог на ова, вели нашиот извор говори и укинувањето на доживотниот затвор кој судот му го определи на Алмир Дрпљанин за учество во грозоморниот напад врз полициските Алфи што се случи на паркингот пред ПМФ кога еден припадник на Алфите загина, еден остана доживотен инвалид а третиот има намалена деловна способност.

Апелациониот суд случајот го врати на повторно судење бидејќи првиот пат му се судело во отсуство. Кривичниот суд повторно пресуди доживотна казна за Дрпљанин, но Апелација и таа ја врати на повторно одлучување, за на крај казната да му биде намалена на 20 години.

Дрпљанин беше во бегство на Косово до јануари 2015 година. Освен нападот кога беше убиен полицаец кај ПМФ, тој е вмешан во убиството кај Саем што се случи во 2007, кога беше ограбено возило со пари, учествуваше во грабежот на Прокредит Банка кога имаше престрелка меѓу полицијата и разбојниците. Во 2008 година беше дел од криминалната група која со автоматски пушки ограбија поштенско комбе.