Македонија 13. септември 2018. / 22:47

Заев: На 30 септември сите заедно да заокружиме ЗА, за иднината на европска Македонија

Заев: На 30 септември сите заедно да заокружиме ЗА, за иднината на европска Македонија

Нашата заедничка одлука на 30 септември ќе го обезбеди нашето место во ЕУ и НАТО. Во најмоќната економска заедница на светот – ЕУ. Во најсилниот воен сојуз на светот – НАТО. Заедно ќе влеземе во НАТО и во Европската Унија. Има ли почитувани граѓани поубава слика од таа: Да го гледаме македонското знаме еднакво високо и развиорено до знамињата на економски најмоќните земји членки на овие два сојузи“, рече вчера вечер во Куманово Премиерот и Претседател на Социјал – демократскиот сојуз, Зоран Заев.

Истакнувајќи ја својата благодарност до припадниците на помалите етнички заедници во Куманово за разбирањето при постигнувањето на договорот со Грција, Премиерот Заев посочи дека како што се борел да се зачува македонскиот идентитет подеднакво силно ќе се борел и за зачувување на идентитетот на сите етнички заедници доколку истиот бил загрозен.

Синоќа во Куманово Премиерот и Претседател на СДСМ уште еднаш ги повика и младите луѓе да бидат будни и гласни и секако да се вклучат во носењето на новата историска одлука, којашто ќе го исцрта нивниот животен пат.