Македонија 15. ноември 2018. / 15:07

Заев му вети на Борисов дека ќе го обнови споменикот кој го искрши Миленко Неделковски

Заев му вети на Борисов дека ќе го обнови споменикот кој го искрши Миленко Неделковски

Бугарската новинска агенција ги пренесе ставовите на Премиерот на Република Македонија Зоран Заев и Премиерот на Бугарија Бојко Борисов по средбата која ја имале во Република Бигарија.

Агенцијата наведува дека Премиерот Заев и се заблагодарил на Бугарската Влада за помошта и поддршката на патот кон евроинтеграциите и дека очекува на бизнис полето, трговската размена помеѓу Македонија и Бугарија да достигне и до една милијарда евра, дупло повеќе од она што е сега.

Покрај ова, Премиерот Заев истакнал дека ќе се обнови споменикот на полковникот Константин Каварналиев кој што е срушен во 1966 во акцијата за уништување на Бугарски споменици како и споменикот на Кајмакчалан кој во 2016-та го искрши новинарот Миленко Неделковски.

Плочата на македонска територија е оставена во спомен на загинатите стотици бугарски офицери и војници во битката во 1916 година на Кајмакчалан за време на Првата светска војна, пренесува БТА.