Македонија 19. февруари 2020. / 15:10

Заев: Мицкоски е стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ

Заев: Мицкоски е стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил напиша дека Христијан Мицкоски е стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ која, како што наведува, е најрасипничката партија со милионски долгови и не може и нема да ја води државата.

– Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски јавно призна дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најазадолжена политичка партија, со долг од околу 8 милиони евра! ВМРО-ДПМНЕ сами си признаа дека се најнедомаќинска и најрасипничка партија во Северна Македонија! ВМРО-ДПМНЕ призна дека има милионски долгови и дека Христијан Мицкоски е стечаен управник, извршител на Никола Груевски – осуден криминалец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој ја задолжи земјава со милијарди евра, а неговата партија со милиони евра!, пишува Заев на неговиот официјален фејсбук профил.

Лидерот на СДСМ наведува дека граѓаните на 12 април ќе го казнат стечајниот управник Христијан Мицкоски кој, како што пишува, е извршителот на Груевски и кои ја задолжија земјава со милијарди евра, а нивната партија со милиони евра, потрошени на барок и луксуз.