Зоран Заев оди спротивно на волјата на народот, изразена на референдумот на 30 септември, и прави се за да го промени уставното име, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
– Народот јасно кажа дека не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува. Зоран Заев се што прави вклучително и насилната промена на името е со цел задржување на власт и пљачкосување на државата преку криминални тендери – стои во соопштението.
Од опозицијата кажуваат дека државниот апарат веќе две години не е функционален, па наместо реформи и проекти, власта се насочи кон распродажба на државните и национални интереси.
– Образованието е во хаос, здравството на колена, земјоделието во очај. Буквално црнила на секое поле. Црнилата кои ги донесоа во секојдневието не можат да ги избришат со распродажбата на името. Зоран Заев е човекот кој ќе остане запаметен како политичарот кој ја продал Македонија – соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив Заев работи само за своите лични и бизнис интереси.
– Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Зората мора да изгрее за Македонија – порачува опозицијата.