Македонија 07. јуни 2019. / 19:07

Заев ќе ги менува директорите – министрите ќе почекаат

Заев ќе ги менува директорите – министрите ќе почекаат

Поради неизвесноста за добивањето на датум за почеток на преговорите со Европската Унија премиерот Зоран Заев на прес-конференција денеска информираше дека е одложена реконструкцијата на Владата, која неофицијално беше најавено дека ќе се случи утре, а метлата ќе заигра само за директорите.

На следната владина седница ќе се менуваат само директори, додека министрите може да бидат мирни до крајот на овој месец.

Ако нема датум за преговори, и денеска и вчера Заев изјави дека се разгледуваат сите опции како и предвремени избори.