Македонија 03. јули 2020. / 22:52

Заев: Јас верувам дека Груевски сам ќе се врати во земјава за да ја отслужи казната

Заев: Јас верувам дека Груевски сам ќе се врати во земјава за да ја отслужи казната

Не бе брат, никој веќе нема да ја условува татковината. Граѓаните одлучуваат кој ќе биде пратеник, кој премиер, кој претседател, му се обрати лидерот на СДСМ на Али Ахмети од ДУИ, на граѓанска трибина во Гази Баба

И на премиерот, како и на претседателот му се доволни два мандати, за да не забега како што видовме дека забега Никола Груевски, изјави вечерва на граѓанска трибина во скопска Гази Баба лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој претендира на уште еден премиерски мандат.

Тој повторно побара уште еден, како што вели, чист мандат од граѓаните, посочувајќи дека неговата политичка опција е сега поискусна, по две и пол години практикување на власта.

Тој исто така изрази убеденост дека поранешниот премиер Груевски ќе се врати од Унгарија, за да ја отслужи затворската казна за случајот „Тенк“, но и можните затворски казни за другите случаи што се водат против него.

Груевски, надвор од секое меѓународно право за азил е заштитен во Унгарија. Тој тука беше слободен човек, одеше на рочишта, џогираше крај Вардар, судењата против него беа транспарентни. Затоа јас верувам дека тој ќе се врати во земјава – и во “Шутка’ и во ‘Идризово’ за да ја отслужи казната за случајот за кој е осуден, но и за да одговара за другите случаи против него.Не може вечно да биде заштитен со кршење на меѓународното право во земја која е членка на НАТО и на ЕУ“, рече Заев, одговарајќи на прашање на еден од присутните на трибината.