На четврти декември 2019 е последната средба на премиерот Зоран Заев со влијателен светски и европски лидер, тогаш Заев се сретна со Борис Џонсон.
Средбата се одржа во Лондон на маргините на Самитот на НАТО. Од тогаш па наваму премиерот нема остварено средба со ниту еден влијател премиер или претседател на држава, што го поставува прашањето дали Заев е изолиран?
За разлика од него, пак, Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Париз треба да оствари средба со актуелниот францускиот претседател Емануел Макрон. Ова е нивната 11-та средба.
Клучни теми на разговорoт ќе бидат Косово, евроинтеграциите на Србија, билатералните односи, како и изградбата на метрото во Белград.
-Ќе разговараме за многу важни работи, ова е наш 11-ти состанок. Маркон е еден од најважните светски лидери и искрен пријател на Србија, а неговата посета на Србија во 2019 година беше од историско значење за нашите односи, и оттогаш нашата политичка и економска соработка само се зголемува, рече синоќа Вучиќ за ТВ Пинк.
Последната средба на Заев со претседателот Макрон била на 16 мај, 2018та година.
Вучиќ исто така најави дека во петок ќе имал виртуелен самит со германската канцеларка Ангела Меркел, пред продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина в недела во Брисел.