Македонија 18. октомври 2019. / 12:22

Заев и Рама разочарани поради неуспехот во Брисел

Заев и Рама разочарани поради неуспехот во Брисел

Новата федерална канцеларка на Австрија Бригите Бирлајн денеска се сретнала со македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама, кои, како што рече Бирлајн, биле разочарани од пропаднатиот обид за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Утрово веќе се сретнав со премиерите на двете држави и го искажав моето разочарување. И македонскиот и албанскиот лидер изгледаа многу разочарано – рече таа.