Откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неколку наврати побара дебата со премиерот, Зоран Заев вчера во гостувањето на Канал 5 телевизија, прифати да се соочи со лидерот на опозицијата.
Мицкоски денеска на Фејсбук напиша дека ја прифаќа понудата за дебата со Заев од Канал 5 телевизија.
– Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност.
Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата.
Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања.
Ајде на дебата и тоа час поскоро да разговараме за актуелните теми.
Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен! – напиша Мицкоски.