Македонија 13. јуни 2018. / 10:00

Заев и Димитров денеска ќе го информираат Иванов за постигнатиот договор со Грција

Заев и Димитров денеска ќе го информираат Иванов за постигнатиот договор со Грција

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во 10 часот ќе го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција.

Република Северна Македонија, ерга омнес, промена на уставот и постепено воведување на новото име во внатрешноста на земјата, зачувување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик е содржаното во договорот.

Премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, ја информираа и јавноста во своите земји за постигнатото во обидите да се стави крај на 25-деценискиот спор.