Македонија 09. ноември 2020. / 11:51

Заев и Борисов договориле телефонски разговор за денеска

Заев и Борисов договориле телефонски разговор за денеска

Заев и Борисов, договориле уште еден телефонски разговор за денеска целта е да се најде заедничко решение за отворените билатерални прашања. Инаку разговорите продолжуваат и преку владините претставници и тимови, објави Канал5.

Двајацата премиери треба да донесат одлука дали состанокот на премиерите на земјите од Западен Балкан во рамки на самитот во вторник ќе се одржи со физичко присуство во Софија или целосно онлајн.

Во рамките на заедничкото копретседателство со берлинскиот процес, денеска министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева, ќе копретседаваат со состанокот на шефовите на дипломатиите, на кој ќе земат учество и претставници на институциите на еу и советот за регионална соработка.

Состанокот е во пресрет на седмиот самит на Берлинскиот процес, кој оваа година е предвиден да се одржи на 10 ноември во Софија.