Македонија 06. март 2019. / 09:59

Заев и Анѓушев на трибина „Силна економија – шанса за сите“

Заев и Анѓушев на трибина „Силна економија – шанса за сите“

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска ќе го посетат комбинатот „ЕуроНикел Индустри“, поранешен „ФЕНИ“.

За време на посетата, Заев и Анѓушев ќе бидат придружувани од директорот на матичната компанија на ЕуроНикел, ГСОЛ, Маркос Камхис, како и од директорот на ЕуроНикел Индустри, Герасим Кујунџиев.

Премиерот и вицепремиерот потоа ќе учествуваат на економската трибина „Силна економија – шанса за сите“ во Кавадарци на која, како што најави владината прес-служба, ќе дебатираат заедно со граѓаните.