На трибината во Велес денеска Анѓушев и Заев добија незгодно прашање од граѓаните. Жена ги праша зошто има партиски вработени лица и само тие земаат големи плати, додека млади деца работат за 200 евра или се невработени.
Анѓушев одговори дека тој тоа постојано го зборува и дека целта на оваа Влада е децата да не си одат од државата и да не работат во другите земји.
– Ако некого го вработите и му дадете 200 евра е исто како да е во чекална за работа во странство. Млади си одат одат и работат во мекдоналдс во други земји, вели Анѓушев.
Заев пак вети дека просечната плата ќе биде 500 евра.