Лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети денеска ќе остварат средба за конечен договор за Влада.
„Со оглед на итноста и потребата да се дејствува брзо на клучните институции во земјава со цел решавање на здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, утре ќе се одржи клучна средба меѓу претседателите Али Ахмети и Зоран Заев каде се очекува да биде постигнат конечен договор за нова, стабилна Влада, посветена на четиригодишен мандат“, се вели во соопштенијата од ДУИ и СДСМ.
СДСМ и ДУИ соопштија дека преговорите се влезени во финална фаза и очекуваат наредните денови да продолжи конститутивната седница на Собранието со избор на негов претседател.
Заев откако го доби мандатот на 13-ти август до втори август треба да предложи состав и програма на Владата.
Двете партии најавуваат дека денешната лидерска средба е клучна во постигнувањето брз и конечен договор.