Македонија 19. јуни 2018. / 20:03

Заев: Груевски се согласил за „Горна Македонија“, но Грција одбила

Заев: Груевски се согласил за „Горна Македонија“, но Грција одбила

Во 2012 и во 2013 година, тогашниот премиер Никола Груевски се согласил нашата земја да го добие името „Горна Македонија“, но Грција одбила, бидејќи била испровоцирана од антиквизацијата и од проектот „Скопје 2014“.

Ова вечерва ексклузивно во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 го соопшти премиерот Зоран Заев, повикувајќи се на прислушуваните разговори доставени до СЈО.

Заев потенцираше дека вечерва првпат ги спомнува овие прислушувани разговори кои сведочат за калкулантството и за лажниот патриотизам на Груевски и на неговите следбеници.