Македонија

Заев: Грција е наш поддржувач, Коѕијас врти телефони како за своја земја

Заев: Грција е наш поддржувач, Коѕијас врти телефони како за своја земја

Конечно ќе имаме земја признаена од цел свет, во која живее мнозински македонски народ и со македонски јазик признаени од целиот свет, а притоа и Грција, иако до сега не блокираше, сега е од позначајните лобирачи за НАТО и за ЕУ. Грција веќе ги испрати писмата и упати апел до земјите, рече Заев.

-Грција, која беше наш политички непријател, ја насочивме да ни биде политички пријател, еден од првите, затоа што и Грција има интерес. Дека е фер, доказ се реакциите на опозициите на двете држави. Ципрас разговараше со Макрон вчера, Коѕијас врти телефони секој ден, како за своја земја. Сакам да го знат тоа граѓаните, изјави премиерот за 1ТВ.

Според него, во Договорот на соодветен начин се прави разликата меѓу идентитетите на двете земји. По неговото постигнување, нема земја што е против Македонија, смета Заев и објаснува дека во случајот со противењето на Франција за проширување на ЕУ, тоа се должи на внатрешната дебата. „Дури и без наше знаење, државниот секретар на САД Мајк Помпео вртеше телефон за да охрабри“, потсетува Заев.

-Нашата Македонија е доведена до позиција да блеска, со толку поддржувачи, Македонија нема причина да се грижи за својата иднина, изјави премиерот.