Премиерот Зоран Заев даде изјава за време на лидерската средба.
Тој истакна дека пред потпишувањето на Договорот со Грција прифатиле услови за избор на Државната изборна комисија.
„Уште пред лидерските средби, работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, го усогласија текстот на новиот предлог Закон за финансирање на политичките партии, со вклучени предлози на опозицијата. Денес го прифативме и барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се направи законски измени кои ќе овозможат техничка влада да ги спроведува секој парламентарни избори, со формат идентичен на Пржинскиот договор. Согласно тоа се договорвме денеска да заврши лидерската средба.“, изјави Заев.
Тој додаде дека во продолжение ќе разговраат за референдумот, за неговиот карактер, прашањето и датумот.