Македонија 17. март 2020. / 15:02

Заев е за одложување на изборите и прогласување вонредна состојба

Заев е за одложување на изборите и прогласување вонредна состојба

Прогласување на вонредна состојба, одложување на изборите и преземање економски мерки за помош на стопанството и граѓаните, се предлозите кои денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев ги презентирал пред претседателот Стево Пендаровски и политичките партии на лидерската средба на Водно.

-На средбата го споделивме ставот дека нема услови за сроведување на изборите и како одговорни политичари, сите наши капацитети и ресурси ги стааме во финкција за заштита на граѓаните во борба притив коронавирусот. Согласно анализите и проекциите за економските последици, подготвуваме сет на економски мерки за помош на стопанството, фирмите и граѓаните, истакна Заев по лидерската.

Информираше дека на лидерите и на претседателот им укажал на потребата за воведување воредна состојба за да може пефикасно да се донесат мерки за здравствената состојба на граѓаните но и за економските мерки за помош на стопанството и граѓаните.

Заев рече дека очекува по средбата на Пендаровски со експертите да најдат правни лекови за одложување на изборите и за повторно закажување.