На денешната панел дискусија организирана од австрискиот институт „Карл-Ренер“ и фондацијата „Фридрих Еберт“ за ЕУ перспективите на Република Македонија и домашните реформски процеси во Виена, се обрати и премиерот Заев.
Ако лидерите на ЕУ во четврток или петок донесат негативна одлука за почеток на преговори, или ако повторно одлучат да ја одложат одлуката, нашата Влада ќе биде мртва, не затоа што ќе бидеме пречувствителни, одлуката не зависи од нас, но мнозинството од парламентот ќе го изгубиме, рече премиерот, Зоран Заев.