Македонија 05. јули 2019. / 14:21

Заев до Борисов: Иако сме Северна, температурата пак е 40 степени

Заев до Борисов: Иако сме Северна, температурата пак е 40 степени

Премиерот Зоран Заев, во рамки на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Познањ, се сретна со бугарскиот колега Бојко Борисов.

Заев, бил придружуван од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Како е во Скопје – прашал Борисов.

Димитров одговорил:

– Многу топло.

На ова се пошегувал премиерот Заев.

Иако сме Северна Република Македонија, температурата пак е 40 Целзиусови степени – се пошегувал Заев со Борисов.