Македонија 10. декември 2020. / 21:15

Заев: Денеска плативме за 838.000 вакцини, ќе стигнат во март

Заев: Денеска плативме за 838.000 вакцини, ќе стигнат во март

Премиерот Зоран Заев на гостување на „Топ Тема“ на Телма, рече дека денеска државата платила за набавка на 838 илјади вакцини против Ковид-19.

Вакцините треба да пристигнат на почетокот на идната година, односно некаде во март.

Како што е познато, и како што најави министерот Венко Филипче, први ќе се вакцинираат здравствените работници, војската и полицијата.

Филипче во текот на минатата недела најави дека здравствениот систем се подготвува за вакцинација на населението.