На десетина дена пред одржувањето на Советот на министри на која ќе се знае дали ќе ги почнеме преговорите со Европската унија, нема информации околу тоа што се договара меѓу Македонија и Бугарија и што содржат документите што се разменуваат меѓу двете земји.
Наспроти неофицијалните информации дека деновиве премиерот Зоран Заев треба да има средба со бугарскиот колега Борисов, тој за ТВ21 го демантира ова.
-Нема закажано средба помеѓу мене и Борисов. На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара, вели Заев за ТВ21.